Девојче во Индија е нападнато од голем слон откако најпрвин го задевала со банана!
На снимката од нападот може да се види како девојката му нуди банана на огромното животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сака да го земе плодот.
Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја прогледа измамата и наеднаш замавна со забите и го фрли девојчето во воздух.
Пријателот кој го снимаше видеото исплашено се повлече и ја испушти камерата. Непосредно пред нападот на слонот, се слуша дека девојчето вели: „Колку кул“.
Снимката од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи од Сусанта Нанда, која е службеничка на индиската шумска служба и често споделува интригантна содржина за дивиот свет на интернет.
– Не можете да измамите слон иако е скротен. Слоновите се едни од најинтелигентните животни во зоолошката – изјави Нанда.
Видеото предизвика многу коментари и многумина беа загрижени за здравјето на жената.
– Се надевам дека го преживеала нападот – напишал еден корисник.
– Сигурно претрпела неколку скршеници – додал друг корисник.
– Луѓето треба да сфатат дека дивиот живот е величенствен и мораме да го почитуваме нивното битие… Да не бидеме арогантни кон нив и да го внесеме нашето човечко однесување во нивната аура – продолжи третиот корисник.