Паринета Џаин (23) трагично почина откако доживеа срцев удар додека танцуваше на свадбата на нејзината братучетка во Индија.
Таа со други гости уживала на прославата во Видиш, каде што патувала, а додека танцувала на подиумот, наеднаш паднала и повеќе не станала.
Видео кое кружи на интернет покажува девојка како танцува на подиумот, а потоа се струполи на подот додека изведува танц на песна од Боливуд.
Веднаш била пренесена во приватна болница и лекарите се обиделе да ја спасат, но на крајот констатирале смрт.
Живеела со родителите и неодамна дипломирала на колеџ. Таа претходно не се пожалила на проблеми со срцето.
Според официјални извори, нејзиниот помал брат исто така починал од срцев удар кога имал само 12 години.