Безбедносните камери го снимија моментот на атентатот на генерал-полковник Јарослав Москалик, кој денеска беше убиен во експлозија во Балашиха во близина на Москва.
Заменик-началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација загина кога непознато лице активирало експлозив во „голф“ кој бил паркиран во близина на зградата во која живеел Москалик.
Предупредување: видеото е вознемирувачко
На видеото во далечината се гледа како лице се приближува до возилото, а потоа во следниот момент делови од автомобилот летаат на сите страни од силината на експлозијата. Медиумите пишуваат дека експлозијата била толку страшна што телото на Москалик одлетало назад кон влезот!
Според официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко, „голфот“ експлодирал во улицата Нестеров, на број 2.
„Првите информации укажуваат дека во возилото имало рачно изработен експлозив“, изјави Светлана Петренко.
Се сомнева дека во автомобилот била поставена камера која директно пренесувала кој поминува покрај автомобилот. Кога наишол на Москалик околу 10:40 часот, експлозивот бил активиран со далечински управувач.