ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ТЕНЕРИФЕ! Туристот скокнал од карпата, наместо во морето, Удрил во КАРПАТА!

Неименуван маж е тешко повреден откако погрешно го проценил неговиот скок од карпа и слетал на карпите на популарно место во Тенерифе , пишува Метро.

Маж на возраст од 40 години, за кој се претпоставува дека е Британец, бил изнесен од местото на настанот на носилки.

На видеото се гледа како група мажи, за кои се верува дека се негови пријатели, одбројуваат од пет пред тој да скокне.

Прво падна со нозе на карпите околу малиот морски базен во кој требаше да скокне.

Неговите пријатели веднаш реагирале кога тој ја промашил целта и со скршена нога се одбил од карпите назад во водата.

Некои очигледно го направиле истиот скок само неколку моменти претходно и сè уште биле во вода кога се случила неговата несреќа.

Инцидентот се случил околу 14 часот во понеделникот во морската пештера наречена Чарко Ел Танкон во Пуерто Сантијаго на северот на Тенерифе.

Сведоците на несреќата изјавија дека виделе група туристи како се снимаат како изведуваат салто и скокаат од карпи во морето пред да се преселат на местото на несреќата.

Повредениот маж бил извлечен од водата пред да пристигнат итните служби.

Пожарникарите го пренеле во локалниот здравствен дом каде бил стабилизиран пред да биде префрлен во болница.

Портпаролот на регионалниот координатор на службите за итни случаи изјави откако мажот беше пренесен во болница:

„Со возило на Брза помош во болница е пренесен 40-годишен странски државјанин.

Имал сериозни повреди на долните екстремитети.

ВНИМАНИЕ! ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО !

Засега не беше јасно каква е неговата моментална состојба.

Инаку, во оваа забранета пештера животот го загубија неколку туристи.

Шпанската инфлуенсерка Марина Ривера Салдана, која има два милиони следбеници на Инстаграм, беше критикувана затоа што објави фотографии на кои се капе на место каде капењето било забрането минатиот септември.

Местото е наведено како „трајно затворено“ на TripAdvisor, каде локалното население ги предупредува луѓето да не го посетуваат.

Организација од Канарските Острови основана за да спречи несреќи во вода, како оваа, вечерва објави:

„Ел Танкон во Тенерифе повторно стана трагична вест поради најапсурдното невнимание