На социјалните мрежи се појави видео од битка во Украина, на кое се гледаат двајца војници погодени од граната испукана од дрон. Не може да се утврди чии војници се, Руси или Украинци.
Од линијата на фронтот во Украина, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат двајца војници како лежат во дупка, а врз нив е фрлена граната од дрон. Потоа, едниот војник останал неповреден, додека другиот бил повреден, но давал знаци на живот.
Војникот кој остана неповреден станал и почнал да бега без да погледне назад кон својот другар кој бил жив и кој го повикувал на помош. Војникот истрчал стотина метри, каде побарал засолниште под земја во рововите од нов напад од воздух.
Видеото е објавено на „Телеграм“, а за краток период се појавија многу коментари. Се заштити со брат му и го остави да умре“, стои во објавата на каналот на Телеграм, каде е објавено видеото.
Според неофицијални информации, снимката е направена во близина на Макајевка. Не може да се утврди чии војници се на видеото, руски или украински.