Група возбудени туристи доживеале шок на една од најопасните плажи во светот.
Група возбудени туристи доживеале шок на една од најпознатите, но и најопасните плажи на светот кога за малку ќе ги удрел бран додека се фотографирале.
Станува збор за плажата Рејнисфјара на Исланд, позната по својот црн песок, по која лудуваат туристи од целиот свет. Се наоѓа на јужниот брег на Исланд, на брегот на Северниот Атлантик, каде преовладуваат опасни и непредвидливи морски струи.
Имено, маж и жена се упатиле кон океанот и ги кренале рацете високо над главите со грб свртен кон камерата за да може некој од нивниот тим да ги фотографира.
Во еден момент почнале да бегаат панично кога здогледале низок бран како се движи кон нив. Не успеале да побегнат, бранот ги исфрлил во морето. Сепак, мажот успеал да застане на нозе и побрзал да ја зграби жената за да не ја однесе водата.