Во Австралија се случија страшни сцени кои го шокираа целиот свет.
На мечот меѓу Гринакр Иглс и Падстоу Хорнетс, главниот судија беше брутално претепан од фудбалер, а видеото кое беше споделено на интернет ги шокираше луѓето ширум светот.
Еден суспендиран играч на крајот од мечот слезе од трибините на теренот и брутално го нападна судијата, кој се здоби со тешки повреди, пишуваат локалните медиуми.
На снимката јасно се гледа како едно момче го удира по лицето на судијата, а потоа продолжува да го удира по земја, додека присутните не го сопреа агресивниот напаѓач и не ја смирија ситуацијата.