Грозоморните сцени дојдоа од фудбалски натпревар во Алжир, каде младиот фудбалер Васим Џазар (17) почина откако доби страшен удар.
Лекарите 10 дена се обидувале да му го спасат животот, но за жал тоа не било можно.
За време на натпреварот на неговиот тим, Вади Ел Ма, Џазар доби страшен удар во глава од ривал. Веднаш изгубил свест, паднал на теренот, а играчите на двата тима се фатиле за глава додека лекарите се обидувале да му помогнат.
Наводно, брзата помош пристигнала доцна, младиот човек со приватен автомобил бил пренесен во болница.
Предупредуваме, видеото од натпреварот е вознемирувачко:
Фудбалскиот сојуз на Алжир и претседателот на организацијата Валид Сади изразија длабоко жалење и изразија сочувство до семејството на починатото момче.