ВОЗНЕМИРУВАЧКО – Возач на такси фатен како силува девојка на задното седиште од автомобилот! Случаен минувач го снимил целиот настан на телефонот: “Еј, што правиш !?“ (видео)

Полицијата на Манчестер го обвини Мохамед Џамал ​​(37 г.) за силување, откако жител на Рочдејл го снимил него и една жена на задното седиште од неговото такси возило.

На видеото кое се рашири на социјалните мрежи се гледа возачот на Uber (такси) со спуштени панталони, кој во паника ги крева панталоните и си заминува од местото по пристигнувањето на човекот, пишува Daily Mail.

Таксистот се соочил со жителот на Рочдејл кој го забележал надвор од куќата околу 21:00 часот по локално време во неделата на Велигден. Човекот веднаш ја вклучил камерата и ја снимил сцената каде тој тропа на прозорецот, по што возачот ги крева панталоните, а жената на која била на задното седиште се обидувал да и го покрие лицето.

Брат, што правиш ? Дали правите вакви работи и за време на Рамазан ? Ова е одвратно. Моите деца се тука“, рекол човекот.

Возачот на Uber кажал дека му е жал, излегол од автомобилот, седнал на возачкото место и се оддалечил од местото. Портпаролот на полицијата во Манчестер потврди дека мажот бил пронајден и обвинет по прегледот на видео-снимката.

Мохамед Џамал ​​беше ослободен со кауција пред да се појави во Судот на 4. мај. Обвинението се однесува на инцидент со возрасна жена во такси на улицата ‘Темза’ во неделата“, изјави портпаролот за споменатиот медиум.

Ова е навистина загрижувачка снимка и неопходна е брза истрага. Заштитата на младите е најважна и затоа оваа снимка има потреба од понатамошна истрага за да се увери јавноста и да се заштити оваа ранлива група“, изјавил пратеникот од Лабуристичката партија Тони Лојд за MailOnline.

Uber се обидува да ја подобри својата репутација откако во 2018 година се појави дека повеќе од 2.500 возачи се под истрага за сомнителни прекршоци, вклучително и сексуално вознемирување, следење и опасно возење. Uber тогаш вети дека ќе направи голем број промени, вклучувајќи ограничување на бројот на работни часови, 24/7 телефонска поддршка за патниците и возачите и пријавување сериозни инциденти во полиција..

Велика БританијаженаМанчестерсексуално возменирувањетакси