Надзорните камери ги снимија последните моменти од животот на основачот на оперативниот систем Анрдоид, Боб Ли (43 г.), кој беше брутално избоден во Сан Франциско.
На видео-снимката се гледа како таткото на две деца очајно ги фаќа раните и ги моли минувачите за помош – во еден момент тој очајно се обидувал да ги запре автомобилите, но тие само со огромна брзина поминувале покрај него, игнорирајќи го неговиот апел. Како што пишува Daily Mail, Боб бил избоден повеќе пати во градниот кош во вторникот вечерта во градската населба Ринкон Хил, каде што бил на работа.
Бруталното убиство во изборната единица на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД и демократка Ненси Пелоси ја зголеми загриженоста за недостатокот на јавна безбедност и зголемениот број бездомници во Сан Франциско. Убиениот Ли некогаш живеел во тој град, но се преселил токму поради зголемениот криминал на улиците.
Вознемирувачкото видео покажува како крвавиот и замаен Ли движи по главната улица, а потоа се оди кон станбената зграда во Портсајд на главната улица 403, каде што паѓа на земја. Лежи неподвижен неколку моменти, но некако успева да клекне и да го грабне мобилниот телефон. Кога автомобилот поминува покрај него, Ли му мавта да застане, но возачот само продолжува да вози.
Според извештајот на полицијата, Ли се јавил на 911 околу 14:35 часот по локално време и извикал: „Помош. Некој ме избоде“.
„Жртвата била пренесена во локална болница со повреди опасни по живот. И покрај напорите на итната помош и медицинскиот персонал, мажот им подлегнал на повредите“, соопштиле полицискиот оддел во Сан Франциско (SFPD).
На блискиот паркинг наводно бил пронајден кујнски нож со сечило од 3,6 сантиметри, но полицијата се уште не ги уапсила напаѓачите. Првиот човек на SFPD Бил Скот одби да го открие мотивот за нападот и не сакал да каже дали жртвата била цел или случајно избрана. Оваа година во Сан Франциско се случија 39 убиства, а полициските сили во градот моментално имаат недостиг од 541 полицаец.