Млад човек (19) од Русија бил брутално претепан при пресметка со двајца напаѓачи.
Грозоморниот инцидент се случил во близина на пазарот во Електростал – мал град кој се наоѓа на 60-тина километри источно од Москва, а очевидци тврдат дека младиот човек бил нападнат затоа што косата му била обоена во зелена боја. Моментално е во болница и чека операција.
Мајката на жртвата наведува дека двајца напаѓачи од „кавкаска националност“ го нападнле со нож.
Пријателот на младиот човек истрчал да повика помош, а за тоа време напаѓачите го претепале момчето и буквално му го смениле личниот опис.
Мајката тврди дека ова не е првпат младиот човек да има конфликти поради неговиот изглед.
На младиот човек му помогнале случајни минувачи кои забележале дека тој седи во локви крв потпрен на излогот. На вознемирувачката снимка може да се види како тој едвај се движи додека крв сд лее насекаде.
Нападнатиот изјавил дека бил на концерт во неделата навечер и дека излегол да пуши цигара кога налетал на напаѓачите.
– Рекоа дека не им се допаѓа мојот изглед. На крајот почнаа да ми ја сечат косата заедно со дел од мојот скалп. Сега чекам лекарите да ми кажат што понатаму – изјавил повредениот млад човек од болницата за локалните медиуми.
Еден од напаѓачите (24) во меѓувреме е уапсен. Се испостави дека по потекло е од Комиа.