ВОЗНЕМИРУВАЧКО – На руските социјални мрежи се шири страшна снимка од обезглавување на украински војник: “Тие се полоши и од ИСИС!“ (видео)

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која наводно се гледа како руските војници обезглавуваат украински воен заробеник, објави Sky News.

Видео-снимката која кружи на социјалната мрежа Твитер покажува како руски војник држи нож и обезглавува човек за кој се вели дека е заробен украински војник.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски ги повика светските државници да реагираат на видеото: „Светот мора да го види ова“.

Никој не може да игнорира една работа: леснотијата со која овие ѕверови убиваат“, вели претседателот на Украина во видео-пораката објавена на социјалната мрежа Твитер и додава: „Не очекувајте ова да се заборави. Ништо нема да заборавиме. Нема да им простиме на убијците…

Зборувајќи за видеото кое се прошири со огромна брзина на Интернет, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го спореди овој чин со акциите на терористичката група ИСИС.

На Интернет кружи ужасна снимка од руски војници како обезглавуваат украински воен заробеник. Апсурдно е Русија, која е полоша од ИСИС, да претседава со Советот за безбедност на ОН. Руските терористи мора да бидат протерани од Украина и ОН и да одговараат за нивните злосторства“, напиша првиот човек на украинската дипломатија во објава на социјалната мрежа Твитер.

Милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија беа озлогласени по видеата на обезглавување на нивните заробеници кога контролираа големи делови од тие земји од 2014 до 2017 година.

Украинската агенција за внатрешна безбедност (СБУ) соопшти дека покренала истрага за видеото.

Вчера видео на Интернет открива како руските окупатори ја покажуваат својата ѕверска природа – сурово мачат украински затвореник со отсекување на неговата глава“, се вели во соопштението на СУБ.

Андриј Јермак, одговорно лице на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така коментираше на видеото, велејќи дека ќе има одговор.

Медиумската агенција Reuters не можеше веднаш да ја потврди автентичноста или потеклото на видеото споделено на социјалните мрежи, на кое се гледа како маж во воена униформа му ја отсекува главата на човек со жолта лента на ракавот, ознаки што ги носат украинските војници.

Во минатото, официјална Москва редовно ги негираше наводите дека нејзините војници извршиле воени злосторства за време на битките во Reuters.

Кремљ реагираше на видеото со соопштение дека е „страшно“ и дека треба да се провери автентичноста на истото, објавува Ројтерс.

CNN објави дека видеото би можело да биде снимено во лето поради количината на растителен свет на земјата.

Уште едно слично грозоморно видео, наводно снимено од платеници на воената група Вагнер, беше објавено на проруски канал на социјалните мрежи пред неколку дена, пишува CNN.

Наводно, на него се прикажани обезглавени тела на двајца украински војници кои лежат на земја покрај уништено воено возило.

Во понеделникот, Институтот за проучување на војната (ISW) соопшти дека борците на Вагнер наводно продолжуваат да вршат воени злосторства со обезглавување на украинските војници во Бахмут.

Се вели дека руските корисници на социјалните мрежи објавиле видео-снимка на која наводно се гледаат посмртните останки од глава на украински војник на шилец оставена во градот, кој со месеци е сцена на тешки борби меѓу украинските и руските сили.

воено злосторствовојнаВолодимир ЗеленскиРусијаУкраина