ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Распарчените делови од телото расфрлани на улица по нападот во Манхајм: Што се знае досега?

Вистинската драма се одвива во Мајнхајм, Германија, каде според непотврдени информации возачот на црн теренец влетал во толпата и почнал да прегазува пешаци во центарот на градот.

Бројни полициски и екипи за итна помош се на местото на настанот, а полицијата ги повика сите да го избегнуваат центарот на градот.

Полицијата соопшти дека најмалку едно лице загинало, а германските медиуми јавуваат дека најмалку 25 лица се повредени.

Пешачката зона во центарот на Манхајм наликува на бојно поле. Луѓето стојат во неверување и не можат да поверуваат што се случило, а наместо луѓето да викаат, сирените одекнуваат низ градот.

Екипите на итната помош се на терен и се обидуваат да им укажат на помош на повредените.

Сцените од местото на несреќата се толку шокантни, а на некои од нив се гледаат отсечени делови од телото како лежат на улица и на тротоар.

На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „Х“, непознат маж објави видео од местото на настанот, на кое се гледаат бројни патроли. На снимката вели дека дошол од правецот каде што биле прегазени луѓе и дека слушнал како некои велат дека се убиени неколку лица.

„Видов две девојки кои ги загубија нозете“, тврди младиот човек на видеото. Полицијата сè уште не излезе со официјално соопштение што точно се случило.

Германските медиуми објавија дека во врска со инцидентот е уапсено едно лице, а сè уште не се знае дали станува збор за терористички напад или несреќа.

Идентитетот на уапсениот сè уште не е соопштен.