Володимир Зеленски ги загуби нервите и испрати остра порака до сојузниците во НАТО: “Ќе биде апсурдно ако на Украина не и биде понудено членство!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оцени дека би било „апсурдно“ доколку Украина не биде поканета да стане членка на НАТО и дека неизвесноста околу нејзиното членство е мотив Русија да продолжи со својот терор.

На социјалната мрежа Твитер, Володимир Зеленски во објава напиша: „Ние ги цениме нашите сојузници. Ја цениме нашата заедничка безбедност. И секогаш го цениме отворениот дијалог. Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО во Вилнус. Затоа што се работи за почит… Но, Украина исто така заслужува почит. Сега, на пат кон Вилнус добивме сигнали дека се разговара за одредени формулации без Украина“.

Би сакал да нагласам дека оваа формулација се однесува на поканата да станеме членка на НАТО, а не на членството на Украина… Тоа е без преседан и апсурдно кога не беше поставена конкретна временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина. Додека во исто време се додаде нејасна формулација за условите дури и за покана на Украина“, додава тој во објавата.

Се чини дека нема подготвеност да се покани Украина во НАТО или да се направи членка на Алијансата… Тоа значи дека останува можност за пазарење околу членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија. А за Русија, тоа значи мотивација да продолжи со својот терор“, објаснува тој и заклучува: „Неизвесноста е слабост. И за ова отворено ќе разговарам на самитот“, напиша Володимир Зеленски.

војнаВолодимир ЗеленскиНАТОРусијаУкраина