Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.
Оваа вест е објавена на веб-страницата на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми.
Во објавениот декрет не е прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.
Андриј Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка.
Андриј Шевченко беше и селектор на Украина од 2016 до 2021 година.