ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ИЗДАДЕ НОВА НАРЕДБА – Украина ја продолжува воената состојба и општа мобилизација за 90 дена

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги потпиша законите за продолжување на воената состојба и општа мобилизација за 90 дена – до 14. февруари 2024 година.

Како што објавија украинските медиуми, Врховната Рада (Собранието на Украина) на 8. ноември усвоила закони за одобрување на претседателски декрети за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина од 16. ноември за 90 дена, односно до 14. февруари 2024 година.

На 24. февруари 2022 година, Руската Федерација започна целосна инвазија на Украина.

Истиот ден во Украина беше воведена вонредна состојба и беше најавена општа мобилизација – до 26. март. Потоа, Собранието постојано го продолжуваше периодот на вонредна состојба и општа мобилизација.

војнаВолодимир ЗеленскиРусијаУкраина