Володимир Зеленски не се откажува – на војната и нема крај: Претседателот на Украина потпиша нови закони со кои испраќа јасна порака

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги потпиша законите за продолжување на периодот на општа мобилизација и вонредната состојба во Украина до 13. мај, потврди пратеникот на Врховната Рада, Јарослав Железњак.

Имено, Врховната Рада на Украина на 6. февруари го поддржа предлог-законот за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во земјата за 90 дена.

Претседателот на Украина ги потпиша нацрт-законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација. Според тоа, двата рока се продолжени од 14. февруари за 90 дена, до 13. мај“, напиша Јарослав Железњак во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Володимир Зеленски за првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24. февруари 2022 година, кога Русија започна агресија врз Украина, а оттогаш оваа мерка беше продолжена неколку пати.

Последен пат, во ноември минатата година, Украина ја продолжи вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена до 14. февруари.

војнаВолодимир ЗеленскиРусијаУкраина