Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека победата на Украина сега ќе го одреди патот на нацијата за генерациите што доаѓаат и ќе ја докаже исправноста на вредностите основани пред илјада години, објавија украинските медиуми.
„За нас да победиме сега значи да го дефинираме патот на нацијата за генерациите што доаѓаат, да победиме значи да ги држиме заветите на вредностите чии темели беа поставени тогаш – илјада години пред мене и тебе, тоа е да избереме да се обединиме со светот, да избереме да бидеме учесници во светската историја, да имаме право на сопствена национална историја“, кажа Володимир Зеленски за време на одбележувањето на денешниот – „Ден на државноста во Украина“.
Володимир Зеленски истакна дека Украинците не веруваат дека Русија нема да сака да ја повтори својата агресија.
„Не веруваме дека Русија нема да сака да се врати со агресија, дури и откако ќе ги истиснеме напаѓачите од целата наша територија. Но, победата на Украина може и треба да биде таква што сите обиди на непријателот да се врати нема да излезат од болната фантазија на оние ненормални луѓе кои прават такви планови“, истакна претседателот на Украина.
Володимир Зеленски напомена дека одбраната на земјата во оваа војна што се води за слободата и независноста на Украина има поставено национални приоритети и дека таа е највисок приоритет.
„Нашата желба за победа ќе одреди како ќе изгледа Украина во иднина. Силна. Слободна. Европска. Земја без внатрешни судири. Земја која го цени своето внатрешно единство“, нагласи Володимир Зеленски.