„Не може да има одржлив мир во Украина доколку Киев не ја врати контролата врз Крим, Донбас и другите територии окупирани од Русија“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на бизнис форумот на „Европската куќа Амброзети“ во Италија.
Руски и меѓународни претставници велат дека во моментов нема изгледи за директни мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи војната продолжува да беснее, а официјален Киев се обидува да ја врати територијата преку контраофанзива.