Володимир Зеленски повторно се заканува: “Руските окупатори ќе сносат одговорност за теророт!“

Руските окупатори ќе сносат одговорност за теророт и нападите врз цивили“, изјави претходниот ден претседателот на Украина, Володимир Зеленски, коментирајќи го ракетниот напад врз станбена зграда во Днепар во петокот.

Днепар. Веќе во утринските часови беше завршена работата на местото на вчерашниот ракетен напад. Повредени се девет лица, меѓу кои две деца, тинејџери. Обезбедена е сета потребна помош. За секој таков напад, за сиот руски терор, непријателот дефинитивно ќе ја почувствува силата на правдата…“, истакна Володимир Зеленски, соопштија од неговиот кабинет.

Како што беше соопштено, во петокот руските сили извршија ракетен напад врз градот Днепар, користејќи две балистички ракети. Девет лица се повредени, меѓу кои две деца, а оштетени се пет куќи, четири административни згради и седум автомобили, пренесуваат украинските медиуми.

војнаВолодимир ЗеленскиДнепарРусијаУкраина