Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека ќе се кандидира за втор мандат доколку продолжи војната на неговата земја со Русија, јавуваат странските медиуми.
„За време на војната, да. А по војната, не сум сигурен“, рекол Володимир Зеленски во интервју за романската телевизија Digi24 доцна во вторникот.
Иако посочи дека во моментов нема избори во Украина, Володимир Зеленски не ја исклучи можноста тие да се одржат во 2024 година.
Претседателските избори во земјата требаше да се одржат во март 2024 година, но тие не може да се организираат поради вонредната состојба прогласена по почетокот на руско-украинската војна.