Локален жител снимил глутница волци како талкаат во потрага по храна во близина на Зелени Јадр во Босна и Херцеговина!
Сцената е снимена на брегот на река на дваесетина километри од Сребреница.
Според N1, волците биле истребени на тој простор бидејќи направиле голема штета. Последните волци наводно биле застрелани во 1952 година и оттогаш не се видени.
- Еве уште два – се слуша како вознемирениот маж снима.
Се претпоставува дека глутницата наишла на Дрина од резерватот Тара и дека со текот на времето се намножила во областа.
Сега стануваат опасност и за луѓето со оглед на тоа што поради недостиг на храна се спуштаат кон населени места , а предизвикуваат и големи штети на локалното население кое чува добиток.