Израел се согласи со барањето на САД да ја донесе својата противвоздушна одбрана во регионот пред очекуваната копнена инвазија на Газа, објави денеска The Wall Street Journal.
Имено, Пентагон работи на распоредување на десетина системи за противвоздушна одбрана во регионот за да ги заштити американските војници кои служат во Ирак, Сирија, Кувајт, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати од проектили и ракети, објави The Wall Street Journal, повикувајќи се на американски и израелските власти.
Израел, исто така, ги разгледува напорите за обезбедување хуманитарна помош за цивилите внатре на палестинската територија, како и дипломатските напори за ослободување на повеќе заложници држени од Хамас, се вели во написот на WSJ.