Вонредна состојба во Албанија: Туристите евакуирани на југот од земјата поради пожар ФОТО

Шумски пожари беснеат низ Албанија веќе трет ден, а ситуацијата е особено критична во приморскиот одморалиште Борш на брегот на Јонското Море на југот од земјата.

Пламените јазици, кои избувнаа синоќа на југот на Албанија и го зафатија приморскиот одморалиште Борш на островот во Јонското Море, се проширија на куќи и хотели. 

Утрово, според соопштението на албанското Министерство за одбрана, 40 лица, меѓу кои и туристи, биле евакуирани, пренесува Анса. 

Повеќе од 200 припадници на цивилната заштита, пожарникари и воен персонал се ангажирани во гаснењето на пожарот, во што им помагаат и два воени хеликоптери.

Ситуацијата околу градот Валона, особено во населбата Канина, моментално е под контрола. Во текот на ноќта, полицијата уапси овчар под сомнение за палење. 

Како што објави италијанскиот тим за цивилна заштита, вчера во областа дејствуваше и канандер – специјализиран авион за гаснење пожари, кој дојде од Италија за да им помогне на албанските власти во борбата против пожарната стихија.