Вонредна состојба во земја која секоја година ја посетуваат три милиони туристи: Бројот на заболени од ретка и опасна болест вртоглаво порасна за само еден месец

Во Перу е прогласена вонредна здравствена криза откако вртоглаво порасна бројот на заболени од ретката автоимуна болест односно синдромот Гилен-Баре (ГБС). Станува збор за форма на акутна полиневропатија која предизвикува нагло влошување на мускулната слабост, што понекогаш доведува до парализа, пишува Daily Mail.

Од почетокот на годината, јужноамериканската земја со население од 33,7 милиони луѓе забележала 231 случај на ГБС, повеќе од половина во краток период од пет недели – од почетокот на јуни до средината на јули. Повеќето пациенти страдаат од прогресивна форма на парализа која започнува во стапалата и нозете и се движи кон трупот и горните екстремитети.

Campylobacter jejuni – бактерија која нормално се наоѓа во контаминирана вода или храна, била пронајдена во телото на сите пациенти. Се верува дека истата бактерија е одговорна за слична појава на ГБС пред четири години.

Иако ГБС може да предизвика многу тешки симптоми, а тој е фатален во само 5 проценти од случаите. Не се пренесува меѓу луѓето како што се грипот или бактериите. Сепак, Владата на Перу воведе вонредна состојба и ги мобилизираше сите здравствени ресурси за 25 перуански региони.

Не се воведени никакви ограничувања за патување поради појавата на ГБС, иако ситуацијата може да му наштети на туризмот во Перу, кој привлекува околу три милиони туристи секоја година.

Министерот за здравство на Перу, Цезар Васкез

Од 130 сомнителни случаи пријавени помеѓу 10. јуни и 15. јули, 44 беа потврдени дека се ГБС, додека останатите се сомневаа дека се ретката болест.

Оваа година се регистрирани четири смртни случаи поврзани со Гилен-Баре синдромот.

Дури 94 пациенти биле парализирани. Од најголема важност е да се постави дијагноза, бидејќи колку побрзо започне соодветен третман, толку се поголеми шансите дека исходот ќе биде добар. Кај 90% од луѓето заразени, слабоста е најтешка во рок од две до три недели. Можно е закрепнувањето во некои случаи да трае од неколку месеци до дури една година.

Ситуацијата во Перу будно ја следи и Светската здравствена организација (СЗО) поради, како што наведоа, невообичаеното зголемување на случаите на ГБС во различни региони на земјата.

Според статичните податоци, просечниот месечен број на евидентирани случаи на ГБС е помалку од 20 сомнителни случаи на национално ниво.

СЗО во соопштението наведе дека потенцијалната причина за неочекуваната појава останува под истрага.

болестПеруСЗО