Исланд прогласи вонредна состојба откако серијата земјотреси предизвикаа стравувања од вулканска ерупција. Властите наредија илјадници луѓе кои живеат во југозападниот град Гриндавик да се евакуираат како мерка на претпазливост, јавува Би-Би-Си.
Исландската метеоролошка служба соопшти дека е „загрижена поради големата количина на магма (стопена карпа)“ која се движи под земја и дека може да еруптира на површината.
Повеќе од 20.000 земјотреси се регистрирани во последните недели околу блискиот вулкан Фаградалсфјал.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека одлуката за евакуација е донесена откако ММО не може да ја исклучи можноста „тунелот од магма што моментално се формира да стигне до Гриндавик“.
Тие ги повикаа граѓаните да го напуштат градот, но да останат смирени бидејќи има доволно време да се реагира.
Сите патишта околу градот со 4.000 жители се затворени за сообраќај, освен за итни случаи.