‘Вонредно’ обраќање на Владимир Путин – Претседателот на Русија се пофали: “Украинската офанзива започна, непријателот трпи страшни загуби на сите фронтови, но заканата се уште постои!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека – „украинската офанзива започна на сите фронтови!

Можеме со сигурност да кажеме дека контраофанзивата е започната, а за тоа сведочи употребата на стратешки резерви“, изјавил претседателот на државата.

Владимир Путин нагласи дека вооружените сили на Украина не ги постигнале своите цели во ниту еден сектор поради храброста на руските војници и правилната организација на трупите.

Може да се каже дека сите претходни контраофанзивни обиди пропаднаа, но офанзивниот потенцијал на трупите на режимот во Киев се уште постои“, тврди Владимир Путин.

Во претходните денови, според неговите зборови, вооружените сили на Украина доживеале значителни загуби кои ја надминуваат „класичната“ бројка.

Познато е дека во офанзивните операции загубите се околу три спрема еден. Тоа е класика, но загубите во овој случај значително ги надминуваат класичните показатели. Сега нема да ги повторувам бројките, но тие се импресивни“, рекол тој и додадал дека руското воено раководство ја проценува ситуацијата со противофанзивата на непријателот и ќе тргне од реалноста на бојното поле.

Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, вели дека специјално обучените украински резерви не успеале да ја пробијат руската одбрана во регионот Запорожје во четвртокот навечер.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, Киев изминатиот ден загубил 945 војници, како и 33 тенкови, 28 борбени возила на пешадија, 38 оклопни борбени возила, три самоодни артилериски единици итн…

Владимир ПутинвојнаРусијаУкраина