ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ НА НИГЕР ИТНО ЗАЗЕМААТ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ ГЛАВНИОТ ГРАД: Се подготвува напад од армија од 25.000 војници

Нигерија би можела да обезбеди повеќе од половина од 25.000 војници за потенцијална инвазија на Нигер.

– Нигерија се уште е решена да биде движечка сила на операцијата и ќе обезбеди повеќе од половина од војниците доколку е потребно – соопшти француската радио станица RFI, повикувајќи се на неименуван нигериски функционер.

Треба да се напомене дека планот за интервенција предвидува учество на контингент од 25.000 лица. Според RFI, во инвазијата би можеле да учествуваат и војници од Сенегал, Бенин и Брегот на Слоновата Коска.

Претходно ТВ каналот Ал Арабија објави дека бунтовниците во Нигер објавиле дека странска држава се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, но не беше прецизирано за која земја станува збор. Новинската агенција АНП подоцна објави дека според бунтовничките сили во Нигер, двете централноафрикански држави започнале прелиминарно прераспоредување на силите за воена операција против нивната земја.

Вооружените сили на Нигер, наводно, донеле засилување во главниот град Ниамеј за да се подготват за воена интервенција. Воен извор ја потврди информацијата за Си-Ен-Ен само неколку часа откако воената хунта која владееше со земјата одби да го испочитува рокот на влијателниот регионален блок да ја врати власта на соборениот претседател Мухамед Базум.

ФОТО: AA/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA

Конвој од околу 40 камиони пристигна во главниот град во неделата доцна навечер, носејќи војници од другите делови на земјата за да ја смират вознемирената јавност и да се подготват за потенцијална битка.

Лидерите на воената хунта што го собори претседателот на Нигер го затворија воздушниот простор на земјата до понатамошно известување во понеделникот, бидејќи соседните земји се заканија со воена интервенција доколку не ја предадат власта.

Нигер е зафатен од политички хаос од крајот на минатиот месец, кога претседателот Мухамед Базум беше соборен со државен удар од претседателската гарда.

Економската заедница на западноафриканските држави (ECOVAS) неколку дена подоцна реагираше со воведување санкции и поставувајќи ултиматум до владејачката воена хунта да се повлече во рок од една недела или да се соочи со потенцијална воена интервенција.

Нејасно е што ќе се случи по тој рок.

Водачите на ECOVAS велат дека претпочитаат да најдат дипломатско решение за кризата, но велат дека се подготвени да прибегнат на сила како последна опција за да ја вратат на власт демократски избраната влада на Нигер.

Во четврток блокот треба да одржи состанок за ситуацијата.