Младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж со секој негов потег привлекува големо внимание во јавноста, а многумина се заинтересирани за неговиот љубовен статус.
Раперот сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и откри дека е заљубен.
–Куме, не знам дали е вистинска, но убава е како сон – напиша тој на својот Инстаграм профил.
Инаку, откако раскина со пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица, Војаж не престанува да ја интригира јавноста со својот љубовен живот.
Во едно интервју неодамна, Михајло, на новинарско прашање како би сакал да изгледа неговата избраничка, одговори дека сака да има девојка духовита, убава и нормална, а по сè изгледа дека неговите желби се оствариja.