ВОЈНАТА ВО АФРИКА ВЕЌЕ ЗАПОЧНА !? “Француската Армија го нападна Нигер“ – воената хунта тврди дека мета се позициите на националната гарда – што се случува !?

Бунтовниците во Нигер тврдат дека француската Aрмија наводно нападнала припадници на Националната гарда и го нарушила воздушниот простор на земјата.

Позициите на Националната гарда на Нигер беа цел на француските сили во 6:30 часот“, изјави Амаду Абдраман од Националниот Совет за одбрана на татковината, кој беше формиран по државниот удар, но не презентираше никакви докази за своите тврдења.

Амаду Абдраман, исто така, тврди дека француските сили ги ослободиле заробените терористи и полетале со воен авион од Нџамена, со што „намерно го прекинале“ секој контакт со контролата на летање по влегувањето во воздушниот простор на Нигер.

Раководството на бунтовниците, наводно, наредило предупредување низ целата земја.

Младите луѓе во главниот град Ниамеј создаваат волонтерски одреди за да им помогнат на вооружените сили на земјата во случај на инвазија од групата земји-членки на ECOVAS“, изјавил за РИА Новости, Умару Сисе Булкасум, потпретседател на Здружението за преродба и реформи на Нигер.

CNN еден ден претходно објави дека вооружените сили на Нигер распоредиле засилување во главниот град Ниамеј за да се подготват за можна воена интервенција.

Француската радио станица RFI во вторникот посочи дека интервенцијата би можела да ја води Нигерија со поддршка на Сеген, Бенин и Брегот на Слоновата Коска и дека Армијата треба да брои 25.000 војници.

На 26. јули бунтовниците во Нигер објавија дека го соборуваат Мухамед Базум за претседател на земјата, ги затвораат границите, воведуваат полициски час, го суспендираат Уставот и забрануваат политички активности на партиите.

Генералот Абдураман Тијани стана нов шеф (претседател) на државата.

АфрикавојнаНигерФранција