Доналд Трамп штотуку пристигна на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Тој ќе помине неколку часа во Израел, каде што ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе зборува пред Кнесетот – израелскиот парламент.
Потоа тој ќе отпатува за Египет на мировен самит со светските лидери и официјална церемонија на потпишување на првата фаза од неговиот мировен договор за Газа.
Инаку, синоќа, за време на летот за Израел, Трамп им рече на новинарите дека „војната заврши“.
Црвениот тепих е исто така распослан за американскиот претседател.
Тој беше виден како се ракува со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на земјата Исак Херцог, а неговиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф, ќерката Иванка Трамп и зетот Џаред Кушнер го гледаа.