Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека војната во Појасот Газа не е ни блиску до крај и дека – „ќе трае долго“.
Бенјамин Нетанјаху ги отфрли како лажни медиумските шпекулации дека неговата Влада би можела да престане да се бори против исламистичкиот Хамас, пренесува медиумската агенција Reuters.
„Не застануваме. Продолжуваме да се бориме и во наредните денови ќе ги засилиме борбите. Но војната ќе трае долго и не е ни блиску до крајот“, порача Бенјамин Нетанјаху обраќајќи им се на пратениците на неговата партија Ликуд.
Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе ја прошири својата копнена офанзива во Појасот Газа во наредните денови, и покрај меѓународните напори да ги запре борбите.
Бенјамин Нетанјаху зборуваше по враќањето од посетата на израелските војници кои се борат во Појасот Газа, веднаш откако Египет го претстави амбициозниот предлог за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.