,,Војната ќе трае 10 години” – Страшни прогнози на францускиот претседател Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика израелските власти „попрецизно да ги дефинираат“ крајните цели на војната со Хамас, бидејќи наведената цел за целосно елиминирање на палестинската милитантна група може да доведе до повеќегодишен конфликт.

Реакцијата на Макрон дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата вети дека ќе ја продолжи копнената офанзива во Газа до целосно „уништување на Хамас“.

Говорејќи на прес-конференција на маргините на климатската конференција на ОН COP28 во Дубаи, Макрон праша дали „некој мисли дека е можно“ да се уништи Хамас.

– Ако тоа е целта, војната ќе трае 10 години – тврди тој.

– Не може да има долгорочна безбедност за Израел во регионот, ако таа безбедност дојде по цена на животите на Палестинците, што влијае на јавното мислење во регионот – продолжи тој.