Почна 13-та конференција на Светската трговска организација (СТО), на која учествуваат министри за трговија и високи претставници од целиот свет, јавија медиумите во Обединетите Арапски Емирати.
Учесниците на четиридневниот настан ќе разговараат за правилата и прописите од областа на меѓународната трговија.
Претставници од 175 земји-членки на организацијата, вклучително и лидери од приватниот сектор, невладини организации и претставници на граѓанското општество, ќе ја повикаат светската заедница да работи заедно за да постигне поефикасен, одржлив и инклузивен трговски систем.
Министерската конференција е највисокото тело за одлучување на СТО и служи како клучен настан за земјите-членки на организацијата за справување со трговските предизвици, подобрување на трговските правила и поставување на агендата на светската трговска политика.