Телата на две момчиња беа пронајдени во автомобил во дворот на семејниот дом во австралискиот град Вурабинда.
Најпрво било пронајдено двегодишно момче, онесвестено и итно пренесено во болница. Иако лекарите чекале со хеликоптер подготвен да го префрлат во поголема градска болница, не успеале да го реанимираат и малото момче починало.
Кога полицијата во Квинсленд пристигнала на имотот и го пребарала автомобилот околу 21.15 часот, во задниот дел пронашла и тело на тригодишно момче.
„ Тие не го видоа кога го пронајдоа првото дете “, рече портпаролката на полицијата Дарин Шедлоу.
И тој бил итно пренесен во болница, но исто така била констатирана смрт.
Полицијата потврди дека момчињата биле во роднинска врска , но не биле биолошки браќа.
Причината за нивната смрт сè уште не е потврдена.
– Се чини дека се работи за трагична несреќа каде што децата некако влегле во возилото и биле таму извесно време. Првите резултати од истрагата покажуваат дека горештините може да бидат причина за нивната смрт – соопшти полицијата.
Автомобилот во кој играле бил напуштен, а електричните системи не работеле.