– Нивото на цените на потрошувачката во Албанија во март забележале значително намалување, што условило пад на инфлацијата.
Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, во март инфлацијата паднала на 5,3 отсто од 7,1 отсто колку што била во февруари.
– Главното влијание на намалувањето на инфлацијата имаа цените на горивата, кои во март се продаваа по пониски цени во однос на периодот пред почетокот на руско-украинскиот конфликт. Во моментов литар дизел во земјава се продава за 184 лека (1,6 евра), додека бензинот за 186 лека, наведува ИНСТАТ.
Незначителен раст на цените во месец март главно има во групата „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,94 проценти, а потоа следат групата „кирија, вода, гориво и енергија“ и „мебел и апарати за домаќинство“.
– Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за албанската економија, но и можност за намалување на основните каматни стапки. Во текот на минатиот месец основната каматна стапка достигна 3 проценти што има директно влијание врз цената на кредитите. Централна банка на Албанија предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува со брзо темпо во останатите месеци и се очекува за да се врати на целта поставена од банка кон средината на следната година, наведува ИНСТАТ.
Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 и во јануари 7,2 отсто.