Одамна е познато дека Саудиска Арабија вложува баснословни суми во фудбалот. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср, локалната лига стана популарна во голема мера, а Португалецот со себе донесе и неколку фудбалски ѕвезди.
Сепак, не завршува тука. Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а за таа прилика ќе бидат изградени 11 нови стадиони, од кои се гради еден мегаломан кој треба да прими неверојатни 92.000 гледачи.
На социјалните мрежи веќе почнаа да кружат слики од новиот фудбалски објект во кој ќе се игра финалето на Светското првенство во 2034 година, а потценето е да се каже дека изгледа импресивно.
Стадионот „Крал Салман“ ќе биде изграден во 2029 година и ќе има 2.200 ВИП места и 300 ексклузивни ВИП места, градини на покривот и патеки со панорамски поглед на паркот „Крал Абдулазиз“.
Исто така, во околината на стадионот ќе бидат изградени помошни фудбалски игралишта, центар за водени спортови со олимписки базен и атлетски стадион, како и затворена спортска сала и спортски парк на заедницата со игралишта за одбојка, кошарка и падел.