– Во Феникс, Аризона синоќа повторно беше измерена температура од 43,3 степени Целзиусови, со што се урива претходниот рекорд за најжешко лето.
Оваа температура била измерена 54 денови по ред, надминувајќи го претходниот рекорд од 53 денови по ред со толку висока температура.
Според Мат Салерно од Националниот метеоролошки сервис, жешките денови можат да го достигнат бројот 55. Затоа што сервисот предупреди екстремна жештина и за денеска и в понеделник, кога се очекува температурите да достигнат и до речиси 44 степени.
Ова лето во САД е забележан историски ненадминат жежок бран што ги опфати Тексас, Њу Мексико и Аризона, а премина и во пустините на Калифорнија.
Изминатиот август пак беше најтопол месец досега измерено на глобално ниво, според Светската метеоролошка организација.
Научниците ова го препишуваат на климатските промени предизвикани од активностите на човекот со дополнителен притисок на Ел Нињо, така се нарекува привременото затоплување на делови од Тихиот Океан што предизвикува климатски промени низ целиот свет.