Во Брисел почнува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност

 Во Брисел денеска почнува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност.

Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер, којшто ќе го отвори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, ќе започне со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика.

Кластерот 4 или „зелените приоритети“ се на врвот на приоритетите на Европската Унија каде што има обемно законодавство, коешто се надоградува и е најтешко за спроведување, особено во заштитата на животната средина и инвестициите.

Група новинари од земјава, по првпат откако е почнат процесот на скрининг за усогласувањe на законодавството со ЕУ, ќе го следат објаснувачкиот скрининг во Брисел.

Обуката на новинарите за известување за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, е заеднички проект на Секретаријатот за европски прашања и Нордиска поддршка во Северна Македонија.