Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти вечерва во Брисел ќе го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, а фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на договорот.
Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, ќе почне во 18 часот.
Според соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти постигнаа договор на 18 март во Охрид.
Се очекува страните да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред, по што ќе следи презентација и расправа за првиот нацрт-статут на Заедницата на српски општините со српско мнозинство во Косово, соопшти ЕЕАС.
По средбата предвиде на е изјава од Борел.