„Ние сме на работ да уништиме 2,8 милиони вакцини на кои им истекува рокот“, рече министерот Меџидиев.
Бугарското Министерство за здравство соопшти дека поради недостаток на побарувачка, залихите на вакцини против Ковид-19 се зголемени во земјата и дека уништувањето на вакцините со истечен рок е неизбежно.
Министерот Асен Меџидиев рече дека не постои интерес за вакцинација.
„Ние сме на работ да уништиме 2,8 милиони вакцини на кои им истекува рокот“, рече Меџидиев.
Како што рече, поради слабиот интерес на граѓаните за вакцинација, ги затвориле одделенијата за вакцинација во главните болници во земјата, кои речиси никој веќе не ги посетува.
Меџидиев изјави дека по уништувањето на два милиони дози од вакцината, чиј рок на употреба истече лани, годинава ќе истече и рокот на 2,8 милиони дози.
Министерството за здравство соопшти дека Бугарија мора да увезе уште осум милиони вакцини до крајот на оваа година, во зависност од координираната политика на Европската Унија (ЕУ) во борбата против Ковид-19.
Дел од овој договорен увоз се плаќа однапред.
Меџидиев рече дека овој увоз е „непотребен трошок“.
Бугарија е меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација против Ковид-19 во ЕУ.
Околу 39.000 луѓе починаа како резултат на заразување со коронавирусот.