Во Велес градежни работници вчера околу 13 часот пронашле експлозивна направа и веднаш ги известиле надлежните.
Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Велес по дојава од градежната фирма нивна екипа излегла на терен и пронашла артилериска граната 75 милиметри.
– Гранатата била комплетна со зрно чаура и барутно полнење, а пиротехничарте успеале и ја ја отстраниле околу 19 часот, информираат надлежните.
Лани на истата локација исто така беше пронајдена и отстранета поголема артилериска граната од 105 милиметри, информираат од ДСЗ.