Во Велес пронајден мртов 43-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопштува дека утрово околу 05:00 часот на ПС Велес од страна на Итната медицинска помош било констатирано дека 43-годишниот А.А од Велес бил пронајден мртов во куќа на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.

Информациите се дека од страна на лекар е констатирана смрт, соопшти јавниот обвинител, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од ПС Велес.

ПС Велес соопшти дека по наредба на јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.