Млада жена од Хрватска загина во трагична автобуска несреќа во близина на Венеција.
Станува збор за 24-годишна жена која била бремена.
Била на меден месец со сопругот. По несреќата тој е на интензивна нега во тешка состојба и неговиот живот е во животна опасност. Станува збор за брачен пар од Сплит.
Според ,,Индекс”, тие се венчале пред три недели.
Меѓу 21 загинат има петмина украински државјани, Германец, Французин и Италијанец.
Да потсетиме, трагедијата се случила вчера нешто по 19 часот и 30 минути кога автобусот со туристи паднал од надвозник висок 10 метри на пругата, по што се запалил и изгорел.
Италијанските медиуми објавија како дошло до несреќата: автомобили се наредени на надвозникот и меѓу нив ненадејно се движел автобус. Автобусот прави чудно движење, камерите поставени на патот го снимаат додека е од десната страна на патот и се движи со „преголема брзина“, велат оние кои го погледнале видеото од несреќата. И на крајот паѓа право на десната страна.