Во врска со случајот „Лотарија“ приведено е уште едно лице

Финансиската полиција спроведува акција за фаќање на уште едно лице, за кое постои сомнеж дека е поврзано со случајот „Државна лотарија“. Од таму велат дека со детали ќе излезат по завршување на истрагите за лицето во Обвинителството.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на седницата на Собранието изјави дека лицето е приведено за злоупотреба на буџетот.

И премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на седницата добил информација и дека списокот на уапсените за злоупотреба во Лотарија се проширува, со обезбедени нови лица и тие ќе треба да бидат изведени пред обвинител и судија“.

Обвинителството за случајот „Лотарија“ поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Груби, кој се бара со меѓународна потерница, како и против Бајрами, директорот на фирмата.