Во вториот квартал од 2024 година, бројот на родени (живи деца) е 3.840 во однос на истиот период лани, нивниот број е намален за 7,2 отсто, објави Државната агенција за статистика.
Бројот на починати лица во вториот квартал од 2024 година изнесува 4.711 лица, од кои 12 се бебиња, што бележи зголемување од 0,3 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година.
Природниот прираст е негативен односно 871 што значи дека бројот на живородени деца е помал од бројот на умрени.
Бројот на склучените бракови во овој квартал од годината е намален за 22,6 отсто во однос на истиот период од 2023 година и изнесува 2.533 бракови.
Во овој квартал се добиени 390 пријави за разведени бракови.