– Од 7 октомври, кога започнаа израелските напади врз Газа, за прв пат се доставени вакцини за децата во Појасот Газа.
Министерката за здравство на Палестина, Маи ал-Каила, преку писмено соопштение нагласи дека од денот кога се започнати израелските напади до сега преку граничниот премин Рафа во Газа доставени се првите рутински вакцини за децата.
Ал Каила истакна дека постои критична епидемична состојба поради израелските напади.
Според неа, покрај вакцините донирани од УНИЦЕФ, во Газа се доставени и вакцини купени од страна на палестинската Влада.
Овие вакцини, кои вклучуваат вакцини против детска парализа, сипаници, рубеола, заушки и други рутински вакцини, ќе бидат доволни за период од 8 до 14 месеци.