Според соопштението на израелската армија, најмалку 16 војници се хоспитализирани поради топлотен удар, додека во исто време Израел стои зад хуманитарната катастрофа во Газа каде што децата умираат од глад, а возрасните се борат да обезбедат вода и основни потреби за преживување.
Според палестинските и израелските медиуми, во Појасот Газа измерената температура се искачила на 36 степени.
Началникот на Генералштабот на Израел, генерал-потполковник Ејал Замир, нареди прекин на сите воени активности за обука до 29 јули поради топлотниот бран.
Од друга страна, палестинското население доживува хуманитарна катастрофа во време на високи температури.
Најголем проблем во овој поглед е недостатокот на вода за пиење и храна, на кој директно влијае Израел, кој го спречува преминувањето на хуманитарната помош.
Тел Авив објави дека овозможиле функционирање на протокот на вода за пиење од Израел до Појасот Газа.