Во Делчево за утре (09.08 2023) најавена хуманитарна акција за помош на загрозените од поплавите во Словенија. Акцијата се реализира во заедничка координација на неколку установи, а истата ќе се спроведе во просториите на делчевското училиште „Св. Климент Охридски“ во Делчево.
-Во рамки на хуманитарната акција ќе се собираат средства за лична хигиена и парични средства за ученици од поплавените подрачја во Словенија. Акцијата се реализира на иницијатива на ученици од двете деветолетки „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, а во соработка со Организацијата на Црвен крст Делчево и Територијалната противпожарна единица, информираа организаторите.
Акцијата како што додадоа ќе се спроведе во периодот од 09 до 12 часот.
-Ги повикуваме учениците, наставниците, граѓаните и правните субјекти да се приклучат кон нашата хуманитарна акција која ќе биде организирана во ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево на ден 09.08.2023 г. во период од 09 до 12 часот, додадоа организаторите.
По завршување на акцијата група на ученици од двете основни училишта, придружувани од претставници на ТППЕ Делчево во четврток (10.08.2023) заминуваат на неколку дневен камп во Словенија.