Бројот на загинати Израелци во денешните напади на Хамас се зголеми на над 250, додека повеќе од 1.450 се повредени, јавуваат израелските медиуми.
Терористичките ќелии на Хамас од Газа утринава се инфилтрираа во бројни еврејски заедници на југот на Израел, а освен тоа, илјадници ракети беа истрелани кон централниот и јужниот дел на земјата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по ракетните напади на Хамас и упадот на палестинските милитанти на израелска територија кажа дека „Израел е во војна“.
Палестинското Министерство за здравство во Газа, од друга страна, соопшти дека во израелската одмазда за денешниот напад се убиени најмалку 232 Палестинци, а најмалку 1.700 се ранети, јави „Тајмс оф Израел“.